Купување на TripleClicks

Купување на TripleClicks

.
   Како партнери на SFI, ние имаме наша продавница, TripleClicks.  И нормално, како секој оној што има сопствена продавница и ние пазариме во својата продавница :) . Понудата е огромна! Има над 100 000 производи, разни услуги и понуди.

    Но, прво треба да се запознаете со својата продавница, за да знаете што треба да рекламирате, но исто така што се можете поволно да купите.

    Купувањето преку интернет станува се попопуларно и во Македонија. Разни онлајн продавници стануваат познати и за обичните граѓани, а не само за интернет зависниците. Можеби бројот на купувачи преку интернет од нашата држава не е голем, но верувајте дека тоа наскоро ќе се смени.
Како партнери во SFI нас не интересира и тоа како можеме да купуваме на TripleClicks. На почетокот, некои ситни трансакции можат да ни помогнат да одржиме некаков статус во SFI, или пак да добиеме некакви награди. Подоцна, кога ќе навлеземе во системот, ќе видиме дека навистина има неверојатни понуди кои вреди да се купат. Повремено можат да се искористат членски попусти, Hot Deal понуди, аукции и сл.

TripleClicks како ретко кој сервис за онлајн купување нуди над 40 начини на плажање на производите и услугите за сите 196 држави од цел свет. Некои од нив можат да се користат и од Македонија. Во овој текст ќе бидат објаснети два начини на плаќање кои се најдостапни за новите членови во SFI.

1. Плаќање со PayPal

Picture
  Еден од наједноставните и најсигурните начини на купување од TripleClicks е со користење на сервисот PayPal. Овој сервис ви овозможува сигурно да ги користите своите платежни картички и на многу други места за онлајн плаќање. Треба само да отворите налог на PayPal, а за тоа ви е потребно да имате емаил адреса и платежна картичка која мже да се користи за плаќање на интернет.

                             ВАЖНО!!!


Пред да се регистрирате на PayPal, треба да обезбедите уше една услуга од Вашата банка од која ја имате подигнато платежната картичка. Побарајте од банката да ви обезбеди увид во промените на Вашата сметка преку SMS порака на мобилен телефон. Ова е неопходно за да можете да ја поврзете платежната картичка во постапката за регистрација. На сметката на картичката треба да имате извесна сума (за секој случај имајте ~300 денари), кои исто така можат да бидат искористени (не потрошени!) во постапката за регистрација.

Постапката за регистрација во PayPal е едноставна и во неколку чекори.

1. Отворете ја страната на PayPal (линк : https://www.paypal.com/mk/webapps/mpp/home ) и кликнете на Sign Up.

2 Системот ќе ве одведе на страна каде што треба да одберете земја (би требало самиот систем да препознае дека се логирате од Македонија, ако не изберете ја рачно). Таму треба да стои македонското знаме.
На иатата страна бирате и каков вид на акаунт отватате. Тука треба да селектирате "open an account" во делот Individual (слика долу).

3. Сервисот потоа ве води на стрна каде што треба да ги оставите вашите податоци во пријавната форма. Внимавајте пасвордот кој го оставате на PayPal да биде „јак“ (strong). Исто, емаил адресата која ја оставате во системот понатаму ќе ја користите кога ќе сакате да плаќате преку PayPal па е исто така важно да и за оваа емаил адреса користите „јак“ пасворд. Тоа значи дека се препорачува во пасвордот да користите големи и мали букви, бројки и други симболи од тастатурата!

4. Постапката понатаму се одвива преку пораки на емаил кои ги добивате од PayPal. Првата порака е за верификација на емаил адресата, потоа следува бирање на безбедоносни прашања и одговори кои можат да вби користат доколку го "заборавите" пасвордот.

3. На крај е постапката за поврзување на PayPal со вашата платежна картичка. За верификација следете ги упатствата од втората порака. При верификацијата PayPal ќе ви повлече извесна сума (1.5 eur.) од вашата сметка на картичката и таа ќе ви биде префрлена на сметката на PayPal. При тоа ќе добиете порака на SMS за промена на сметката со продажно место со код кој содржи четири цифри. Овие бројки треба да ги внесете во посебно поле како што ќе ви биде објаснето во третата порака на емаил "Confirm your debit or credit card".

Со ова вашата работа е завршена. Преостанува уште да причекате 1-2 работни дена за да вашиот налог биде одобрен. А потоа идеме на пазарење :)
ВАЖНО!!!
Со користење на PayPal можете ВЕДНАШ да нарачате производ или услуга од TripleClicks како STANDING ORDER (SO).


2. Плаќање со UltimateGame Card

Picture
Оваа постапка можете да ја користите ако се уште немате PayPal налог и (или) се уште немате добиено Payoneer платежна картичка од SFI. Сепак, јас топло ви препорачувам прво да отворите PayPal налог и да ја користите првата постапка. Но сепак, како опција, еве jа и оваа постапка:

1. Бирате производ од TripleClicks и ја поминувате опцијата за чекирање. Кога бирате опција за плаќање, ја избирате UltimatePay.

2. Одете на страната http://www.offgamers.com/ultimate-game-card/ugc/ultimate-game-card-code-c-5003-5004-5005.ogm и таму нарачајте UltimateGameCard во вредност колку што е производот или нешто поголема. Од понудените картички можете да нарачате две или повеќе одеднаш, па ако производот чини на пример 35$, вие нарачувате две картички, една од 30$ и една од 5$.

3. Кога ќе ви ги повлечат парите од платежната картичка , треба да се верифицирате, а за таа намена го давате вашиот број од мобилен телефон.
На вашата мејл адреса добивате порака со линк за верификација, а на мобилниот телефон веднаш, а најдоцна за 15мин. ви испраќаат SMS порака со верификационен код. Овој код треба да го внесете на страната од линкот кој го добивате по мејл. Оваа постапка  важи само при првата нарачка од системот.

4.После верификацијата на мејл добивате шифра (код) од UltimateGameCard. Оваа шифра ја внесувате во полето за плаќање од сервисот PayByCash заедно со останатите генералии и плаќањето е готово!

Доколку остане некаква разлика во сумите на картичката и купениот производ, таа останува на вашиот баланс на PayByCash и можете понатаму да ја искористите.

Изгледа сложено? На прв поглед да, но не е така страшно....

Сепак, кога ќе успеете да ги заработите своите први 20$ во SFI, ќе ви биде понудено да подигнете Payoneer Master Card. Веднаш ќе ви биде активирана опцијата за директно плаќање со платежни картички и ќе можете слободно да тргувате не само со Payoneer, туку со било која друга платежна картичка која поминува на интернет.

Нема коментара:

Постави коментар