Продажби

Вашата работа...

TripleClicks online shop

   Да предпоставиме дека сте се вработиле во некоја продавница која има над 100.000 производи и нивниот број постојано расте. Постојат и дополнителни услуги што ги нуди системот, како што се аукции, гаржни продажби и друго. На почеток треба да се запознаете со производите и услугите кои ги нуди фирмата. Ќе имате некаква обука за да можете подобро да работите. И за тоа, на крајот на месецот би требало да добиете плата :).
И SFI има своја онлајн продавница, TRIPLECLICKS. Во првиот месец SFI преку системот на обуки, лекции, секојдневно посетување на TO-DO листата и Ваш личен ангажман, ве запознава со своите понуди. За тоа ве наградува со соодветни поени. Но, веќе вториот месец, ВИЕ треба да работите и да заработите! Колку ќе работите, толку ќе заработите.

А што работите? Истото она што го правите секој ден. Кога ќе ве праша некој пријател од каде ви се кондурите, Вие го праќате во продавницата од која сте ги купиле. Или пак, кога некој ќе се пожали дека го боли стомак, Вие му препорачувате чај што може да го купи во билна аптека. ВИЕ ГО РЕКЛАМИРАТЕ ПРОИЗВОДОТ, А ЗА ВОЗВРАТ НЕ ДОБИВАТЕ НИШТО!

Во SFI не е така. Вашиот партнер ве плаќа за препораките. Можете да препорачувате одреден производ, група на производи од одредена фирма, аукции, распродажби, или пак целата продавница TRIPLECLICKS. Треба само да го најдете својот referral линк, ваш единствен линк за одреден производ, услуга или цел систем и него да го понудите со промоцијата. Доколку некој заинтересиран се вклучи преку Вашиот линк во TRIPLECLICKS и направи одреден промет, вие заработувате одреден процент. А откако некој се пријави во системот преку Вас и повторно после извесно време купи нешто, Вие повторно заработувате. ЕДНАШ ДОВЕДЕН МУШТЕРИЈА Е ВЕЧНО ВАШ МУШТЕРИЈА!

Каде да ги рекламирате производите и услугите од TripleClicks. Имате бесплатни и платени методи. Бесплатни се користење на бесплатни огласници, социјални мрежи (Facebook, Twitter и сл.), блогови на бесплатни платформи и др. Платени методи имате со поставување на банери на Google, Facebook и други сервиси, поставување на ваши вебстрани и сл.

Треба да запомните:
ВАША РАБОТА НЕ Е ДА ПРОДАВАТЕ!
ВАША РАБОТА Е ДА ГИ ПРОМОВИРАТЕ ПРОИЗВОДИТЕ И УСЛУГИТЕ НА TRIPLECLICKS.


Колку заработувте?
Вие сте платени одреден процент од заработката на SFI при секоја трансакција која е направена преку Ваш линк, а процентот за секој производ и услуга е различен. Така заработувате од директни продажби.

Доколку станете ЕА, со над 1500 VP во дадениот месец, учествувате во поделбата на добивката на SFI, а добивате онолку колку што сте освоиле поени.

Колку е тоа? Колку носи еден VP? Тоа никој не може да ви го каже, затоа што никој не може да знае колкава ќе биде таа добивка. Во летниот период е пониска, но околу новогодишните празници, кога продажбата воопшто е зголемена, добивката иде до плафон.

Тој приход не е значителен на почеток. Но кога ќе добиете статус на ТИМСКИ ЛИДЕР, во пресметката учествуваат и бодовите на ЕА2 во вашата структура. Кога ќе изградите тим, оваа заработка може да биде значителна!

Еден од најважните табови на вашата главна лентаа е табот Marketing. Таму се наоѓаат сите линкови кои вие ќе ги рекламирате. Тука се наоѓаат линковите за продажба, спонзорирање односно за зачленување на нови членови преку вашиот линк и слично.

Изберете го Marketing Methods, а потоа на филтерот лево изберете TripleClicks. Ке ви се појават совети како да правите продажби, а на прво место ќе ви го дадат Вашиот линк за промовирање на целата продавница.
Вие имате можност да промовирате и одреден производ, група на производи, или пак услуги кои ги нуди онлајн продавницата. Сите тие ќе ги најдете објанети на линкот Sales.

Во оваа прилика ќе ви објаснам како на едноставен начин да го најдете вашиот уникатен линк за промовирање на конкретен производ. Кога се зачленувате во SFI, вие автоматски станувате член и на TripleClicks. Тука можете да купувате, да учествувате во аукции и сл. Но, како партнери на SFI, вие имате пристап до промотивните линкови за секој производ. Сега, одете на страната www.tripleclicks.com (можете и преку линковите на вашата страна на SFI) и ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЛОГИРАЈТЕ СЕ СО СВОЈОТ SFI е-mail или ID и password!
Пребарајте по страната разни производи и кога ќе го најдете саканиот производ (отварате со клик на тој производ) и долу ќе видите повеќе јазичиња (табови). Вам ви е достапен и табот Affiliates (слика долу).
Во тој таб десно во плавиот правоаголник ви е прикажано колку VP заработувате од секоја директна продажба, а подолу колкава е сумата која се дели на партнерите, колку заработувате од директна продажба, колку од продажбата доколку некој ваш PSA ја направил продажбата и колкава е важшата заработка ја направил некој ваш CSA.
Лево го гледате прво линкот кој можете да го користите за промовирање на конкретниот производ (referral бројот е покриен со хххххххх), а под него е линкот со кои можетеда ги промовирате сите производи од истиот продавач (ECA).


Исто така, можете да ги искористите и другите начини на рекламирање, бесплатни и платени. На интернет имате илјадници бесплатни огласници. Побарајте на Google на пример „free ads" или „free classifieds ads“ и ќе добиете стотици бесплатни онлајн огласници каде што можете да ги рекламирате Вашите понуди.

Се е дадено како на послужавник, а сега повелете, фатете се за работа и заработувајте :).

Нема коментара:

Постави коментар